Една агенција ќе сервира безбедна храна

Bez autora
Jan 05 2011

Интегриран пристап во контролата на квалитетот на храната и обезбедување целосна заштита на потрошувачите и на животните ќе бидат во центарот на надлежностите на новоформираната Агенција за храна и ветеринарство. Таа ќе ги обедини ингеренциите на некогашната Дирекција за храна што функционираше во Министерството за здравство и Управата за ветеринарство што беше во надлежност на Министерството за земјоделство. Преку функционирањето на Агенцијата во иднина ќе се минимизираат честите ситуации на совпаѓање на ингеренциите, а невозможно ќе биде и избегнувањето на одговорноста преку префрлување на надлежностите од една на друга институција. Резултатот треба да биде побезбедна храна на домашните трпези, што првенствено ќе се постигне преку зајакната и интегрирана контрола на сите фази на производство и увоз на храната што им се нуди на македонските потрошувачи.

Една агенција ќе сервира безбедна хранаИнтегриран пристап во контролата на квалитетот на храната и обезбедување целосна заштита на потрошувачите и на животните ќе бидат во центарот на надлежностите на новоформираната Агенција за храна и ветеринарство.

Таа ќе ги обедини ингеренциите на некогашната Дирекција за храна што функционираше во Министерството за здравство и Управата за ветеринарство што беше во надлежност на Министерството за земјоделство. Преку функционирањето на Агенцијата во иднина ќе се минимизираат честите ситуации на совпаѓање на ингеренциите, а невозможно ќе биде и избегнувањето на одговорноста преку префрлување на надлежностите од една на друга институција. Резултатот треба да биде побезбедна храна на домашните трпези, што првенствено ќе се постигне преку зајакната и интегрирана контрола на сите фази на производство и увоз на храната што им се нуди на македонските потрошувачи.

Новата Агенција за храна и ветеринарство вчера ја посети министерот за земјоделство Љупчо Димовски, кој посочи дека осамостојувањето на институцијата ќе биде од голема корист и за компаниите и за граѓаните.

„Ова тело комплетно ќе ја врши контролата на храната во Македонија со исклучок на примарното земјоделско производство“, рече Димовски, нагласувајќи дека институции со вакви надлежности има во поголем број земји што се со слична површина и популација како Македонија, меѓу кои и Словенија и балтичките земји.

0„Одлуката на Владата за спојувањето е правилна и е донесена по препорака на Европската унија. Агенцијата, која ќе претставува професионално тело за контрола на храната, ќе функционира со сопствен буџет, зајакнат од дополнителни извори за тековното работење“, посочи Димовски.

Над 280 вработени во администрацијата и инспекцијата ќе располагаат со буџет од 480 милиони денари. Во најблиска иднина се очекуваат и нови вработувања, особено за зајакнување на тимот инспектори што треба да обезбедат целосна покриеност во сите фази во производството, прометот и дистрибуција на храната.

„Станува збор за голема и значајна реформа во делот на контролата на храната. Очекуваме дека со оваа институција преку интегрираниот и целосен пристап на контролата на храната од нива до трпеза да се подигне нивото на заштита на потрошувачите, како и на заштита на животните“, рече директорот на агенцијата, Дејан Рунтевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik